Македонија остана без еден од најдобрите играчи: Тотре доби дополнителен повик

22

Македонската фудбалска репрезентација за историскиот натпревар со Грузија во финалето од баражот за пласман на Европското првенство ќе биде без еден од главните играчи, Аријан Адеми.

Фудбалерот на Динамо Загреб дојде во Скопје на собирот повреден, а медицинските прегледи покажаа дека има парцијална раптура на предната ложа. Шансите да се опорави овие два дена и да настапи против Грузија се минимални.

Селекторот Игор Ангеловски како негова замена го повика фудбалерот на Шкендија, Енур Тотре, кој веќе и се приклучи на репрезентацијата.

Нашата најдобра репрезентација денеска ќе тренира на тренинг центарот „Петар Милошевски“, а утре со чартер лет патува за Тбилиси. Натпреварот се игра в четврток во 18:00 часот.