Манчевски: Темата во кампањата на ДУИ е промашена

37

Нашата политика, нашиот концепт едно општество за сите, значи еднакви граѓани и тоа го покажавме на дело. Немавме проблем со проширување на опсегот на користење и на албанскиот и на другите јазици во секојдневната употреба. Денеска секој граѓанин може да комуницира со институциите на својот мајчин јазик и на тој да добие одговор, истакна министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Дамјан Манчевски во денешното гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

„Темата и начинот на кој ДУИ ја води кампањата е од некои поранешни времиња. Припадницните на албанската етничка заедница имаат исти проблеми како и на другите граѓани, владеење на правото, економијата. ДУИ ја промашија темата на кампањата. И по сè што заедно направивме во оваа Влада, да се излезе со една ваква етно-центристичка кампања, мислам дека им е грешка“, истакна Манчевски.

Тој посочи дека меѓуетничките односи не се јавуваат како проблем за граѓаните од било која етничка заедница. Различно е од тоа што беше порано. Главна задача на сите ќе ни биде да си направиме една внатрешна реформа, додаде Манчевски.

Прва кампања во која не се зборува за членство во НАТО и ЕУ, тоа е завршена работа
Манчевски се осврна на темите за кои не се зборува во целата кампања за што ги издвои членството во Европската унија и во НАТО.
„Ова е прва кампања во историјата на нашата држава во која не се зборува за членство во НАТО и во ЕУ, затоа што ние и официјално сме членка на НАТО и почнуваме преговори со Европската унија. Темите кои ја обележуваат оваа кампања се решавање на секојдневните потреби на граѓаните, за економијата, здравството, образованието, за локални проблеми“, посочи Манчевски.