Метео: Попладне и утре дождливо, со форми на невреме, од недела потопло

0

Во текот на денот ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Процесите локално ќе бидат во форма на невреме, со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 литри на метар квадратен), град и силен ветар (над 60 км./ч.). Утринските температури ќе бидат во интервал од 11 до 21 степен, а дневните ќе достигнат до 31 степен. УВ-индексот ќе биде 6.

Во Скопје, во попладневните и во вечерните часови, ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен ветар во форма на невреме. Утринската температура ќе биде до 18 степени, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Слично време нè очекува и утре, со пад на температурите. Од недела ќе следува стабилизирање на времето и постепен пораст на температурите.