Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги примораа пратениците да не донесат заклучок за членот 11

5

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на комисијата за законодавно правни прашања, на којабеше заклучено дека поранешниот претседател, ѓорге Иванов, помилувал 56 лица преку непостоечки член. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на вонредна прес конференција, рече дека владата седум дена ја замајувала јавноста со измислена тема, која, како што рече, имала за цел да ги покрие нивните неуспеси во економијата, судството, здравството и се друго, а граѓаните да се занимаваат со работи од пред 30 години.

„ Апсурдот да биде поголем, оваа правна неписменост на владата, на премиерот и министерката за правда, заврши со комисија за законодовано правни прашања, каде мнозинство има владината коалиција, каде донесоа заклучок дека нема потреба од автентично толкување на членот 11, зошто таков член не постоел. Цела недела министерството за правда тврди дека мора да има автентично толкување, една недела портпаролот на Владата вели дека мора да се гласа за автентично толкување, за на крај да се донесе ваква одлука. Ова е зошто сфатија дека доколку комисијата и Собранието донесат одлука дека чл 11 од законот за помилување не постои, тој автоматски ќе мора да стане составен дел, односно да се избрише од законот од 1993 па наваму, што значи дека единствениот корисник на членот 11, премиерот Зоран Заев, немаше да добие помилување и случајот „Глобал“ повторно ќе требаше да биде отворен. СДСМ влезе во една стапица, со повикување на јавноста дека мора да се донесе автентично толкување на членот 11, за на крајот да донесе ваква одлука“ објасни Милошоски.

Според него, министеркта за правда и премиерот се правно неписмени, со тоа што ги приморале нивните пратеници да не донесат заклучок за членот 11, кој не постои, а ја замараат јавноста дека постои.

„После ваквото фијаско и конфузија во законите сметаме дека СДСМ и Заев е корисно да одговорат на прашањата:
Зошто Заев не прифака иницијатива да се донесе закон во кој аболицирани политичари нема да можат да се занимаваат со политика или јавна дејност. Зошто Заев избегнува да се измени законот за помилување, каде на кој било политичар ниту сега ниту во иднина нема да може да му се даде помилување. Зошто Заев, не го прифаќа принципот на измени на изборниот закони, тој кој ќе биде кандидат за мандатар на новата влада, да не биде и кандидат за пратеник. Затоа што тој што ќе победи ќе формира влада, а тој што ќе изгуби нема да има можност да се крие зад пратеничкиот имунитет“ порача Милошоски.