Мијалков без коментар за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ: Другпат ќе зборувам

12

Сашо Мијалков денеска одби да коментира за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ. Мијалков се појави на судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, но не сакаше да даде коментар за партијата, за која Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес бара смена на лидерот Христијан Мицкоски.

„Тука сум за други работи. Ќе коментирам другпат кога ќе дојде време“, рече кусо Мијалков.