Наместо Бесими пратеник ќе биде Бедри Фазли

7

Државната изборна комисија (ДИК) му издаде уверение за пратеник на Бедри Фазли од ДУИ, кој во Собранието доаѓа на местото на Фљорин Бесими и истото треба да биде верификувано од Собранието.

Фазли доаѓа од Изборната единица 6 од листата на ДУИ.

Претходно, Собранието ја констатира оставката на Фљорин Бесими, што тој ја поднесе по реакцијата на Антикорупциската комисија, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими треба да биде предложен за министер за финансии.