Мијалков излегува од притвор со над 11 милиони евра гаранција

0

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, по 10 месеци поминати во затворот во Шуто Оризари, излегува од притвор откако скопска апелација ја прифатила понудената гаранција од над 11 милиони евра.

Од судот за Канал 5 велат дека одлуката е донесена по жалба од Мијалков за притворот определен во случајот „Трезор“ во кој тој е осуден во првостепена судска постапка во Кривичниот суд и додаваат дека додаваат дека гаранцијата се состои од недвижен имот кој откако ќе бидат завршени административните процедури ќе биде ставен како гаранција под хипотека.

-Прифатена е гаранција во вредност од 11.106.501 евра, која во недвижности е понудена од обвинетиот Сашо Мијалков. Според процедурата, имотот треба да се стави под хипотека од страна на Агенцијата за катастар. Вакво барање за хипотека, веќе е испратено до катастарот, а кога ќе се достави доказот за завршените процедури ќе биде укинат притворот – велат од скопска апелација

Мијалков ќе излезе од притвор откако ќе биде приложена финансиска гаранција со која мерката притвор се преиначува во мерки за претпазливост, односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот Одлуката е донесена иако вишото јавно обвинителство дало негативно мислење за жалбата, односно барало Мијалков да остане во притвор. Од таму за Канал 5 потврдуваат дека доставиле предлог да биде одбиена понудената жалба. Со реакција за одлуката на судот преку социјалните мрежи се огласи и министерот за правда Бојан Маричиќ

-Судиите на апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлуката и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство. Судот иако е независен должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството. – стои во реакцијата на Маричиќ

Мијалков се жалеше на притворот и нудеше слична гаранција уште пролетта, но тогаш кривичниот суд го одби предлогот на обвинителството поради опасност од бегство. Тојво февруари годинава исчезна два дена откако беше првостепено осуден на 12 години затвор за случајот Таргет Тврдина, за потоа да се појави тврдејќи дека имал симптоми на Ковид. Мијалков е во притвор во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари, а до сега има против него има две првостепени пресуди со вкупна казна од 20 години затвор, дополнително во тек се и уште неколку судски процеси.