Научниците се се позагрижени – Кина може да стане потенцијално легло на вируси

7

 

Експлозијата на КОВИД-19 во Кина, додека земјата ги укинува драстичните мерки за борба против заразата, може да создаде потенцијално плодно тло за појава на нови варијанти на вирусот, предупредуваат научниците.

Кина неделава обајви дека од 8 јануари патниците кои доаѓаат во земјата повеќе нема да мора да бидат во карантин, што е најнов голем пресврт после строгите ограничувања кои земјата ја затворија за светот од почетокот на пандемијата досега.

Националната здравствена комисија на земјата престана да објави дневни бројки на заболени, но властите во неколку градови проценуваат дека стотици илјади луѓе се заразени последните неколку недели.

Болниците и крематориумите се преполни во целата земја. Бидејќи вирусот сеха може да циркулира меѓу речиси 1/5 од светската популација, од кои речиси сите немаат имунитет од претходните инфекции и од кои многумина се невакцинирани, другите нации и експертите стравуваат дека Кина ќе стане подно тло за нови варијанти.

Антоан Флахо, директор на Институт за глобално здравје на Универзитетот во Женева, вели дека секоја нова инфекција ги зголемува изгледите дека вирусот мутира. Фактот дека 1,4 милијарди луѓе одеднаш се изложени на вирусот САРС-КоВ-2 очигледно создава услови кои овозможуваат појава на нови варијанти, додва Флахо.