Началникот на лондонската полиција поднесе оставка

2

Началникот на лондонската полиција Кресида Дик вчера поднесе оставка поради серија скандали и погрешни чекори кои ја нарушија довербата на јавноста во лондонските полициски сили, јавува Анадолија.

Таа по вчерашниот контакт со градоначалникот на Лондон Садик Кан рече дека е јасно оти градоначалникот повеќе нема доволно доверба во нејзиното раководство.

„Тој не ми остави ништо друго освен да дадам оставка како комесар на Метрополитен полициската служба“, рече таа.

Градоначалникот рече дека е итно потребна промена за да се врати довербата на жителите на Лондон во полицијата и да се искорени расизмот, сексизмот, хомофобијата, вознемирувањето, дискриминацијата и мизогинијата кои сè уште постојат.

Лондонската полиција во последно време е погодена од серија сериозни скандали, од расистички и сексистички пораки до киднапирањето, силувањето и убиството на Сара Еверард, за што е одговорен полицаец.

Комесарот е назначен од британскиот министер за внатрешни работи, но градоначалникот на Лондон е тесно вклучен во одлуката.