Не е само Арсенал, за Барди се распрашува и клуб од Серија А, како и два тима од Бундеслигата

8

Во текот на вчерашниот ден од Шпанија пристигна информација дека за нашиот репрезентативец, Енис Барди постои интерес од тимот на Арсенал.

„Топчиите“ ги следеле настапите на 24 годишниот фудбалер од средниот ред и можно е да стапат во преговори со Леванте за негов ангажман по крајот на оваа сезона.

На Арсенал им е потребен играч од средината на теренот, посебно по најновите најави дека Матео Гендузи ќе си оди од клубот, а на „Емирејтс“ нема да се задржи ни Дани Себалјос кој ќе се врати во Реал Мадрид.

„Онда Серо“ најави дека клубот од Серија А кој се распрашува за Барди е Фиорентина и посочи дека уште неколку клуба од Бундеслигата се заинтересирани за услугите на играчот од средниот ред.

Утрово излегоа информации дека интерес за Барди пројавил тимот на Ајнтрахт Франкфурт кој сезонава ја заврши на 9. позиција, а за Барди се распрашува и Штутгарт кој од следната сезона ќе игра во Бундеслигата.