Не коментирам индивидуални одлуки, рече Филипче за патувањето на Рашковски во Мексико

47

Министерот за здравство Венко Филипче нема коментар за тоа што поранешниот генерален секретар на Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма, Драги Рашковски заминал на одмор во Мексико, ниту за обвинувањата од опозицијата која тврди дека вицепремиерот за спречување корупција Љупчо Николовски е на одмор во Дубаи.

Тој рече дека нема да коментира лични одлуки и дека владините функционери нема да треба да одат во 14-дневен карантин откако ќе се вратат од нивните одмори затоа што не се во Африка.