Никола Митревски-Кољо: На протестите одев по сопствено убедување

4

На денешното рочиште за 27 април, по Митко Чавков, втор беше сослушан Никола Митревски, кој рече дека се познава од детство со Никола Василевски – Нинџа, но дека не може да договори за дента на 27 април 2017 година бидејќи против него се води постапка за тој настан.

– Сакам да кажам за протестите дека јас сам сум одел по сопствено убедување, рече Митревски.

Рече дека се познава со Владимир Атанасовски и дека сосема случајно ги запознал со Нинџа во теретана.

– Во сведочењето Нинџа, кој ми е кум, кажа дека дента на 27 април во негово присуство Атанасовски ми се јавил мене. Можам да кажам и да се заколнам во моите две деца дека немало таков повик, рече Митревски.

На прашање од Судот, дали Нинџа е член на ВМРО-ДПМНЕ, сведокот рече – да, од 1998 година како и мене.

Прашан дали го познава кафичот Аристократ, сведокот рече дека го знае и бил таму, посочувајќи дека тоа бил маалски кафич.