Ова е најопасниот козметички производ: Докажано е дека предизвикува рак и оштетување на органите

18

Кремoвите за избелување на кожата можат да бидат отровни како и средствата за отстранување на боја од ѕидовите и би требало да се “избегнуваат по секоја цена”, предупредило британското Здружение на локалните влади (ЛГА).

“Кремовите дејствуваат како средствата за отстранување на бои и го зголемуваат ризикот од рак”, рекле од ЛГА. Многу производи за избелување на кожата се забранети во Велика Британија поради штетните состојки, но неодамнешните запленувања на забранетите производи укажуваат на тоа дека и понатаму се продаваат, наведуваат од ЛГА во своето соопштение за јавноста.

Повеќето од тие производи вклучуваат една забранета состојка – хидрокинон – средство за избелување кое е “биолошки еквивалент за отстранување на боја”, се наведува во изјавата на здружението. Тоа во основа го отстранува горниот дел од кожата, зголемувајќи го ризикот од појава на рак и потенцијално предизвикувајќи оштетување на црниот дроб и бубрезите.

Живата, уште една вообичаено забранета состојка, може да предизвика намалена отпорност на бактериските и габичните инфекции, оштетувањето на црниот дроб, анксиозноста, депресијата или психозата, наведува Светската здравствена организација (СЗО).

“Кремовите за кожа кои содржат забранети состојки се многу опасни и можат сериозно да го оштетат вашето здравје, па дури и да ве убијат, така што треба да ги избегнувате по секоја цена”, изјавил советникот Сајмон Блекбурн во соопштението за јавноста.

Глобалната потрошувачка за избелувачите на кожата е сè поголема, а се предвидува дека до 2024 година ќе достигне до 31,2 милијарди долари, особено во Азија, Блискиот Исток и Африка, според податоците на аналитичката компанија “Глобол индустри аналистс”. Производите се особено популарни на местата каде што нормите за убавина често фаворизираат посветла кожа.