Голем дел од наставниците жестоко реагираа по обуките за онлајн предавањата на Националната платформа, тврдејќи дека едукаторите им дале јасно на знаење дека е незаконски да бараат од учениците до 16-годишна возраст да имаат вклучено камера. Велат дека им било укажано дека само децата имаат право да ја гледаат наставничката, но не и таа нив, пишува Фактор.
Наставниците сметаа дека на тој начин децата по прозивката може да продолжат да спијат, а тие да мислат дека се присутни.
Од МОН појаснуваат дека онлајн наставата не се снима и не се креира запис.
– Онлајн часот е како обичен час. Само овластени чинители имаат пристап до онлајн наставата, истите оние кои имаат пристап и кога се одржува настава со физичко присуство – МОН, Бирото за развој на образование, Педагошката служба. Вклучувањето во онлајн наставата е двонасочен процес, велат од МОН.