ОПРАВЕТЕ ЈА ИЛИ РАСТУРЕТЕ ЈА МАКЕДОНИЈА

292

Сте влегле во парламент, сте ставиле кравата, сте излегле на телевизија, сте треснале некаква глупост на говорница. И што! И ништо! Државата и понатаму се дави во кал, а вие сте биле и сте останале неизживеани сељаци кои ниту знаеле, ниту знаат, ниту некогаш ке научат што е здрава држава. Не сте генетски предиспонирани да бидете господа. Господин велат се раѓа, а најголемиот дел од вас не се родени за тоа

Од Агим ЈОНУЗ

Ова веќе не се издржува луѓе!  Сите знаат се, сите се свесни за се, ама никој ништо не презема. Сите само зборуваат некаква модифицирана политичка фразеологија адаптирана за потребата на партијата на која и припааѓаат, или барем и се должници седнати во скут. Велат оној што ја зборува вистината го бркаат од  девет села. Секаде го бркале зашто никому не одговарала вистината.  Вистината е како проститутка. Секој ја повикува ама никој не ја сака. Не би живеел со неа. Тоа е игра во која на крај секој го гледа својот интерес. Човекот задоволството, а проститутката парите. Не знаеш кој кого повеќе влече за нос! Исто е и во политиката. Со тоа што најголемата грешка што ја прават луѓето е тоа што велат дека политиката е курва. Не! Со курвата имаш чист есап. Платиш и добиваш услуга. Во политиката и да платиш пак не знаеш како ке испадне на крај работата.  Кој кого влече за нос? Дали Европската Унија нас како држава или владејачката гарнитура народот со пораката дека само они може да не внесат во Европа. А, нас у Европа не може да не внесе ни Хазрети Хасан! Приказната дека ние имаме зрели политичари за влез во Европа е како приказната на рахметли Зекуле од бивша чаирска Слога ( сега Шкупи), кој умре завалијата зборејки дека чаирска Слога ( сега Шкупи) е најдобра екипа у свет! Нека се љути кој сака и колку сака, ама 95% од нашите политичари во однос на европските политички стандарди  се едно најобично ‘‘Зекуле‘‘! Ама, не се политичарите криви. Народот си добил политичари и политика каква гласал. Ех, мој народе, ех Зекуле над Зекулињата.

Да бидеме начисто во старт, јас сакам здрава, права и стабилна Република Македонија.  Тука сум роден, а немам ни каде да бегам ако се земе во предвид дека однапред имам купено гробно место во Бутел и се знае каде и ке умрам и бидам закопан. Немам намера да бидам по македонец од македонците, горд Албанец сум, ама се обидувам да размислувам со здрав разум.  Значи, за да не им отварам смрдлива уста на оние чија професија е ‘‘функционален патриотизам‘‘ ( на сите страни) , ќе се обидам во понатамошниот текст да елаборирам што сакам да кажам. Истовремено,  сите оние политички љангури кои играат исклучиво на етничко – романтистичка карта  за Македонија да ги отерам у пичку лепу материну ( с‘ опроштење)! Од преголеми патриоти на сите страни создадовме држава која ја претставуваме како една убава и здрава мома, ама од авион се гледа дека таа мома е трудна и има стомак до заби! Ај што Македонија е неофицијално распадната, неофицијално федерализирана, туку таа е сериозно болна од болест за која на начин како што се движи напред, тешко дека ке има ‘‘ иљач‘‘! Што тресам ја овде!?! Еве што!

Дали некој има воопшто визија и идеја каква Македонија сакаме!? Има, онакво мое! Да имаше визија, ке знаеше и што да прави и како да се бори за неа. Сите сакаат ‘‘Швајцарија‘‘, ама баш никој не се бори таа реално барем да личи, а камо ли да биде Швајцарија. Девеесет проценти од политичарите на јавната сцена се ‘‘ изгубени германци‘‘ кои катарзично се обожаваат самите себе си кога ке се погледаат во огледало, затоа што ‘‘влегле во македонскиот парламент‘‘ и со тоа завршиле работа во животот. Успеале! Англиската верзија на мојот одговор на тоа е “Big Dick”! Ете! Сте влегле во парламент, сте ставиле кравата, сте излегле на телевизија, сте треснале некаква глупост на говорница. И што! И ништо! Државата и понатаму се дави во кал, а вие сте биле и сте останале неизживеани сељаци кои ниту знаеле, ниту знаат, ниту некогаш ке научат што е здрава држава. Не сте генетски предиспонирани да бидете господа. Господин велат се раѓа, а најголемиот дел од вас не се родени за тоа. Одсекогаш, генетски сте биле аргати, измеќари, поробени, послушници, полтрони на големите сили и ‘‘водоносачи‘‘.  Ова важи за сите народи на балканот, нека не се занесува никој дека е ‘‘ изнад раса‘‘ за сметка на другиот. И македонецот, и албанецот, и србинот и турчинот и цела останата екипа на ‘‘мој до мојега‘‘! Е, во таква ‘‘ балканска‘‘ географска ширина и должина по “GPS”, Швајцарија ниту ќе биде, ниту има предуслови да биде! На тој радиус на картата на светот, одсекогаш ситуацијата  била и ке остане како што викаат тетоварите ‘‘ Ѓериз‘‘! Септичка јама!

Ајде да се вратиме на насловот на колумната и да видиме што тоа писателот сакал да измудрува и да се прави паметен, а со оглед на тоа дека некој му дал за право да се изрази јавно.  Еве што! Сите, ама баш сите се разочарани од државата. Ајде некој ке рече обичниот народ што и да се случува, нема да биде најсреќен, опозицијата со својата политичка улога ке бара цело време ‘‘ црни дамки и дупки‘‘ во државата, ама ние тука прејдовме во една патологија во која сите на купче викаат ‘‘ да ти ебам државата‘‘! А, бе мајмуне, па во твои раце е државата! Ајде, направи нешто, престани да крадеш, да лажеш, да манипулираш, да вежбаш политика врз недолжен народ чии очи се вперени во тебе. Сериозните анализи не смејат да се инсталираат јавно. Тие се спектакуларно катастрофални. Затоа и јавните личности кои зборуваат вистина, кои реално ги анализираат нештата се ‘‘персони нон – грата‘‘. Каква е ситуацијата во лето господово 2023-то во Македонија? Еве какво. Сите се согласни дека на Македонија и е потребен сериозен ‘‘ресет‘‘, или со механичарски јазик речено и треба ‘‘ремонт‘‘. Арно ама, како тоа да се направи во оваква консталација на односите. Многу тешко. Држави кои се во ситуација како Македонија во актуелниов момент може да направат сериозен ресет само на два начина. Тоа се внатрешната револуција ( да се случи народ) или преку некаква војна после која се започнува ‘‘од почеток‘‘.  Овака, како што стои работата, тешко и едното и другото. А, трето нема. Третото е да се растури Македонија тотално и да се подели меѓу комшиите. Тоа секако не го посакувам. Од тука доаѓа и насловот на колумната. Поправете ја или растутете ја Македонија!  Опцијата да се ресетира државата преку војна е неизводлива. Никому не е до војување. Дури и кога регионално би избувнал некој воен конфликт Македонија би била само жртва, освен доколку тоа не е на Косово. Тогаш на некој начин директно би била вмешана ако се земе во предвид дека Македонија е полна со Косовари. Што по потекло, што дојдени и населени. Ниту американците ке го дозволат тоа. Нема шанси. Ама, ако албанците се вмешаат во еден таков конфликт, отиде цел балкан, затоа што сите држави во регионот се поврзани етнички како црева едно со друго. Значи, војна отпаѓа! Војна во овој регион би го запалила Балкан, а со тоа и Европа. Која будала ке го дозволи тоа! Ни една! Освен, не дај боже ако Путин и Бајден решат да прават ‘‘голема свадба‘‘, па да гори и Македонија како потрошен материјал за греење.

Опцијата да се ресетира внатрешно, да има внатрешна револуција сме ја елаборирале во друга колумна во која дојдовме до заклучок дека на Македонија не може да и ‘‘се случи народ‘‘, од неколку причини, а клучната причина е поделеноста на популацијата по принципот на етноцентристички, национал-романтистички и националистички пристап кон политиката. Таа спречува единство на масата. На народот. За да се случи некаква внатрешна револуција во која народот ке го дигне својот глас и ке рече ‘‘не може веќе вака‘‘, треба да се заборави ‘‘кој е турчин а кој каур‘‘ во смисла да народот излезе на улица исклучиво од социо-економски причини. А кој да ги води!? И тоа е сериозно прашање. Се што излезе со идеја за некаква трета опција, за некакво заедништво и кохерентност беше уништено, спречено или уплашено на самата помисла за такво нешто. Се погласни се политичкиоте опции кои се за граѓански модел на практикување на политиката, ама сеуште никој не ја кажа вистинската формула како таа би требало да функционира. Од каде да се започне. Кој е тој првиот кој ке му сврти грб на етноцентризмот, спремен да биде дефиниран како ‘‘предавник на каузата и својот народ‘‘! Кој е твој народ бе! Ало!! А бе твојот народ е Македонија! Арно ама, тоа и покрај декларирањето на најголемата маса на политичари дека е единствениот пат, преживува неверојатна хипокризија, затоа што од една страна претставувањето на политичката сцена како про европска, современа, авангардна, во суштина е само една хипокризија, хипокризија, хипокризија! Сите се сеуште во своите национално ровови чекајки на фронтот да поентираат внатре-етники. Државата е во апсаана од такви мозоци, од таква политика. Е, сега можеш да замислиш, ако државата е во апсаана од такви причини, кога на тоа ке го додадеш криминалот кој фантастично функционира, корупцијата, непотизмот, многу нешта кои се карциноматозен елемент, државата е сериозно во прегратките на патологијата. Иди ти објасни му на некој војвода од ВМРО, некој командант од УЧК, некој просрбин на кој русите му се и мајка и татко, на некој што живее сеуште во времето на црешовотот топче дека Македонија за да се оправи, за да има ‘‘внатрешна револуција‘‘ треба да функционира по граѓански модел. Далеку сме светлосни години од таков модел.

И на крај, некој ке праша до кога ке трае оваа агонија? Одговорот е едноставен. Додека Кале така сака! Додека така му треба. Ние сме такви полтрони и послушници, што истиот момент кога Кале ке сака, ние ако треба и татко си ке го продадеме, ама има да биде како што свира Калето. Друга вистина = нема! Тоа е мој личен, авторски и приватен став! Што стои пред нас на политичката сцена? Чиста математика! Бројки! Хесап на сметка на емоцијата на гласачкото тело. На овој народ на кој можеш да му продадеш каква сакаш приказна, се му е еднакво. На најголем дел од народот сеуште можеш да му ја продадеш приказната ‘‘ за бајракот‘‘. И после се! Полето да манипулираш е огромно. Војна нема, ама тоа не значи дека не можеш да ја лансираш приказната дека ‘‘ке ја има секој момент‘‘! На овој глуп и аналитичко неписмен народ можеш да му продадеш што ти душа сака. Државата е распадната по сите можни дефиниции на постоењето на политичкиот систем. Ако самиот систем дефинираме дека не функционира, тогаш што е тоа ако не е распадната држава. Се прашувам како воопшто функционираме!

ООО ЏЕМААТ ! Не знам зошто ама во глава ми се врти еден скеч од познатите ‘‘ Ступцат‘‘. Двојца браќа се делат и ставиле се пред себе. Од тањир до кашика, се дели све по принципот ‘‘ едно тебе – едно мене, братски‘‘. И така, останува на крај од една страна магарето, а од друга страна стариот татко. И тука настанува проблем, зашто ни едниот ни другиот не сакаат да го земат стариот татко, туку магарето. Така и на политичката сцена. Никој не сака да го земе таткото а тоа е каузата и борбата за убав, достоинствен живот  во оваа држава, туку сака да го земе магарето затоа што од магарето има ќар, а од таткото нема. АХ ЏЕМААТ! За тебе само ‘‘пусто турско‘‘! СИКТЕР ДОМА!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)