Османи и Јакупи во посета кај Џафери: Еднаш борец, секогаш борец!

33

Еднаш борец, секогаш борец. Вака вицепремиерот и сопартиец Бујар Османи ја опиша фотографијата која доцна синоќа ја објави на Фејсбук, по посетата на претседателот на Собранието Талат Џафери кој од неодамна е хоситализиран на Инфективната клиника заради пневмонија.

Во посета на Џафери со Османи беше и директорот на Торакална, Неџати Јакупи.

Од кабинетот на Џафери вчера информираа дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека останува во болница бидејќи му треба одмор.