Паника во метрото во Токио: Најмалку 15 повредени во напад со нож и пожар (ВИДЕО)

11

Маж вооружен со нож избодел денеска неколку патници во воз во Токио, а потоа го запалил, јавува АП, повикувајќи се на полициски извори.

Јавната телевизија НХК јави дека најмалку 15 лица се повредени, од кои едно потешко.

Мажот, за кој полицијата соопшти дека имал само 20-тина години, бил уапсен на лице место.

Се уште не е познат мотивот на напаѓачот.

Снимката која се прошири на социјалните мрежи покажува како пожарникари, полиција и брза помош спасуваат патници, а многумина панично бегаат низ прозорците на возот.

Ова е втор напад со нож на воз во Токио во последните месеци.

Во август, последниот ден пред церемонијата на затворање на Олимпијадата, 36-годишен маж избоде 10 патници во воз. Тој подоцна и рекол на полицијата дека сакал да нападне жени кои изгледаат среќно, според АП.