Патниците од балканските земји од 2023. за влез во ЕУ ќе бараат дозвола и ќе плаќаат такса

52

 

Сите патници од овие земји претходно ќе мора да поднесат онлајн барање преку Европскиот систем за овластување за патување (ETIAS). Се очекува имплементацијата на системот да започне во ноември следната година, што беше објавено и на официјалната веб-страница на Европската унија, наместо како што беше првично планирано веќе на 1 јануари, а потоа одложено за мај 2023 година.

Кога ETIAS ќе стане оперативен, формуларот за онлајн апликација ќе се достави на официјалната веб-страница на ETIAS или на мобилната апликација, која ќе биде лансирана. Апликацијата за патување ќе треба да се пополни најдоцна 96 часа пред датумот на патување и мора да содржи адреса на е-пошта, детали за пасош и лични податоци.

Потребен е ETIAS за влез во 30 земји

Од ноември 2023 година, граѓаните на земјите од регионот, како и Македонија ќе мора да имаат ETIAS за влез во следните 30 земји: Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија , Латвија , Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија. Според тоа, на граѓаните ќе им треба ETIAS и за да ги посетат следните европски микродржави со отворени граници: Монако (преку Франција), Сан Марино (преку Италија) и Ватикан (преку Италија).

Последниот чекор е да се плати таксата за аплицирање од седум евра, со кредитна или дебитна картичка, за сите апликанти кои се над 18 и под 70 години. Малолетниците и лицата над 70 години ќе добијат ETIAS бесплатно.

Се проценува дека процесот на аплицирање ќе трае околу десет минути, а одобрението треба да се добие во рок од неколку минути од моментот на поднесување на апликацијата. Добиеното одобрение ќе важи три години и во тој период бројот на патувања во земјите на ЕУ не е ограничен. Со ETIAS граѓаните ќе можат да останат во Европската унија најмногу 90 дена во период од 180 дена.

Малку е веројатно дека на жителите од регионот ќе им биде одбиено барањето за влез во Европската унија кога ќе започне ETIAS, објавено е на страницата schengenvisainfo.com.

Апликацијата ETIAS може да биде одбиена ако апликантот има криминално досие, е опасност за општеството или е на списокот за следење патувања поврзан со осомничени терористи. Исто така, давањето лажни информации за време на пријавувањето, како и патување од област со епидемија/пандемија, поради која барателот може да претставува опасност за јавното здравје, исто така може да биде причина за одбивање.

Идејата за воведување на овластување ETIAS датира од 2016 година. Системот треба да придонесе за намалување на сегашните безбедносни, здравствени и миграциски ризици, а се однесува на 63 земји кои не се членки на Европската унија, но чии граѓани можат да патуваат без визи во Шенген зоната.