Погба по подолга пауза повторно тренира

9

 

Францускиот напаѓач во редовите на Јувентус се врати во тренажен процес со што стави крај на долгото отсуство од фудбалскиот терен.

Погба лани се врати во Јувентус за кој настапуваше од 2012 до 2016 година, по што мина четири сезони во Манчестер јунајтед.

На почетокот на септември го оперираше десното колено поради тешка повреда на менискусот што беше причината поради која го пропушти Светското првенство во Катар.

Од Јувентус не прецизираа кога може да се очекува враќањето на Погба во редовите на италијанскиот прволигаш, а локалните медиуми наведуваат дека францускиот напаѓач би можел да се врати на теренот кон средината на февруари.