Почина 19-годишната девојка од Битолско која беше суспектна на ковид

39

Во болницата во Битола почина 19-годишната девојка со Даунов синдром која беше суспектна на вирусот. Таа беше донесена во тешка клиничка состојба во болницата, веднаш лечена со соодветна терапија, но обидите на лекарите да ѝ го спасат животот останаа безуспешни.

„Девојката почина само неколку часа по приемот, ги презедовме сите реанимациски мерки, но не дадоа резултати, беше во тешка состојба. Таа беше суспектна на ковид, но ги имаше сите особини на вирусот, нема да влезе во официјалната статистика на ковид починати“, изјави за „Независен“, д-р Билјана Гагачовска, директор на битолската болница.
Од потврдените позитивни случаи денеска починаа уште двајца битолчани во болнички услови на возраст од 63 и 69 години.