По една седмица, Грција повторно има над 4.000 заразени

3

Повторно има над 4.000 нови случаи на коронавирусот во Грција. Ова се случува по една седмица.

Има 4.206 случаи, а зголемен е бројот и на пациенти приклучени на апарати, но и на направени тестови, согласно денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи 28 се увезени, 969 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 470 на Крит, 323 во Солун. Починаа 16 луѓе, а 258 пациенти, се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници. Голем е бројот и на направени тестови, вкупно 106.139, од кои 86.235 се рапид, а останатите ПЦР.