По првиот ден од повторното отворање на скопскиот и охридскиот аеродром: Повеќе заминаа, отколку што дојдоа

17

Вчера по три и пол месеци првите патници пристигнаа и заминаа од скопскиот и охридскиот аеродром, следејќи ги новите правила за патување со цел заштита од Ковид-19.

На првиот работен ден на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 292 патника, а од него полетаа 448, додека на „Апостол Павле“ во Охрид допатуваа 38 а замина 144 патници.

Прво слетување направи авионот на Туркиш ерлајнс, кој од Истанбул во Скопје донесе 104 патници, а веднаш по него, слета и авионот на Пегасус ерлајнс, исто така од Истанбул, кој во Скопје донесе 125 патника.
Први полетаа авионите за Стокхолм (6:26h), Келн (6:42h) и Бремен (7:25), со авиокомпанијата Визер.

Во периодот на прекинот на авиосообвраќајот, кој траеше од 19 март до 30 јуни, беа реализирани 54 хуманитарни летови, од кои 20 за влез во државата и 34 за излез, и беа превезени вкупно 4 531 патник. Од вкупниот број летови, 18 беа за медицински цели.