Претставите во МНТ ќе почнуваат еден час порано заради полицискиот час

18

Претставите кои се ставени на репертоарот на Македонскиот народен театар за периодот што следи, ќе бидат поместени за еден час порано, за луѓето да можат да се движат бидејќи почнува полициски час.

Па така „Кец на десетка“, „Последната лента на Крап“ и „Влези не се соблакај“ ќе почнат во 19 часот, наместо во 20 часот.

Оваа одлука останува додека во Македонија е забрането движење од 22 часот до 5 часот наутро на територија на цела држава.