Приведен и четвриот напаѓач на полицаецот во Велес

4

Полицијата денеска претпладне го приведе Ѓ.К.(31) од Велес кој вчера пред црквата „Св.Спас“ во истиот град на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзеде службениот пиштол и пукаше кон него, соопшти Министерството за внатрешни работи.Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица.

Тројца приведени, едно лице во бегство за нападот врз полицаец во Велес
Од МВР наведуваат дека по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Полицаецот се здоби со четири прострелни рани во абдоменот и една во коленото и е вон животна опасност. Инцидентот се случил додека полициски службеници преземале службени дејствија.