Рама им забрани на Албанците да пешачат по 18 часот: Пцујте ме ако сакате!

3

Во Албанија, од денеска по 18:00 часот, се забранува движење на граѓаните пеш по улици седење по паркови и на друг јавни површини,во спротивно ќе следуваат казни.

Информацијата ја објави премиерот Еди Рама, кој додава дека од утре ќе почнат да се применуваат и казните.

„Почнувајќи од денеска, секој ден по 18:00 часот ќе биде забрането движење на целата територија на Република Албанија! Од утре, по наредба на министерот за здравство, ќе стапат во сила казни за пешаци и за оние кои седат во паркови или на други отворени места“, пишува Рама.

Извинувајќи се, Рама додава дека нема друг начин „да се победи оваа војна“ и нагласува дека „шетањето не е од витално значење во време на војна“.

„Извинете 1.000 – пати, но нема друг начин да се победи оваа војна, каде никој освен оние што служат во критичните структури на државата и оние што работат во основните ланци на економскиот ланец на земјата, не мора да излегува од дома освен за потребите за снабдување со храна или лекови!Шетањето не е неопходна потреба во ова време на војна а седењата во парковите се недопустливи! Пцујте ме и мајтапете се со мене колку што сакате, нема никаков проблем, но не дискутирајте и уште полошо, не ги кршете правилата!“, наведува Рама.

„Страв ни најмалку, но внимателност да! До крај!“, напиша Рама.

Во Албанија денеска потврдении се 9 нови случаи на заразени со коронаврус,меѓу нив еден лекар и три медицински сестри, со што бројот се зголеми на 51-но лице.