Реал е минато, Одегард целосно фокусиран на Арсенал

2

Норвешкиот играч од средниот ред Мартин Одегард и официјално е полноправен член на лондонски Арсенал со потпишан договор кој ќе трае до 2026 година.

До неодамна настапуваше за „топџиите“ како позајмен фудбалер од редовите на Реал Мадрид каде не ја доби вистинската шанса.

Ја помина претходната полусезона во Арсенал и остави одличен впечаток кај првите луѓе на премиерлигашот од „Емирати“, особено кај менаџерот Микел Артета.

Досега одигра 20 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања и постигна два гола.

Беше играч на Реал од 2015 година, а како позајмен играч играше и за Херенвен, Витесе и Реал Сосиедад. За репрезентацијата на Норвешка запиша 30 настапи и реализираше еден погодок.

„Кралевите“ ќе инкасираат 40 милиони евра како отштета, без право на реоткуп, но клаузула за изедначување на понудата е вклучена во договорот доколку Арсенал сака да го продаде норвешкиот репрезентативец.