САД регистрира рекорден број починати од ковид-19 за еден ден

19

Соединетите американски држави за 24 часа регистрираа повеќе од 2 700 смртни случаи како последица коронавирус, што е најголем дневен број на смртни случаи од април, покажуваат податоците на референтниот универзитет „Џонс Хопкинс“.

Според податоците до 3.30 часот утрово по средноевропско време, во САД за 24 часа починале 2 731 лице, со што вкупниот број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата се искачи на 273 181.

Во претходните 24 часа, 195 121 лица се регистрирани со коронавирус.

Во меѓувреме, градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети објави итна наредба, со која им се наложува на сите жители на градот да останат во своите домови поради зголемување на бројот на заразени случаи со коронавирус.

Наредбата на градоначалникот стапи во сила веднаш.

Гарсети привремено ја повлече претходната наредба наречена „Посигурни дома“ и издаде нова „неопходна за заштита на животот и имотот“ во градот.