„Салах не е среќен во Ливерпул, а знам и зошто!“

19

Мохамед Абутрик, поранешниот репрезентативец на Египет, вели дека Мохамед Салах не е среќен во Ливерпул и постои можност да го напушти премиерлигашот.

Овој 27-годишен фудбалер е прв стрелец во Премиерлигата со 13 голови во исто толку натпревари, но постои ризик за Ливерпул да го загуби.

„Зборував со Салах поради неговата ситуација во Ливерпул, вознемирен е, но тоа никогаш нема да влијае на неговиот учинок на теренот. Знам зошто Мохамед не го сака Ливерпул, ми ги кажа причините поради кои не е среќен, но не можам за тоа јавно да збрувам. Една од причините е што не беше капитен против Мјитиланд. Ако Салах е играч на Реал или Барса и игра на исто ниво како во Ливерпул сигурно би ја освоил Златната топка“, вели Абутрик.

Абутрик смета дека Салах е паметен и знае што е најдобро за него во иднината.

„Најмногу од економски причини. Немам влијание на одлуката на Салах, тој ми е пријател и брат, но е доволно паметен да знае што е најдобро за него“, нагласи Абутрик.