САМО ПРИВРЕМЕНО “СПАСЕНИ ГАЗОВИ”

293

Зошто сум сигурен дека на пролет ке има предвремени избори? Како прво, наивен е оној што мисли дека ВМРО ке остане мирно после победата на локалните избори, а уште на тоа и податокот дека ништо не би било чудно ако биде појачано со Сеља. Заев заминува од сцената, доаѓаат нови ликови кои треба да се носат со проблемите кои остануваат. Албанската страна колку и да е поделена исто како и македонската има голем број на неопределени и збунети

Од Агим ЈОНУЗ

Сите среќни, демек спасена е владата а со тоа и државата. На тоа албанците викаат ” ма хангш гузиц‘н”. Спасен е само газот на Зоран Заев во моменти кога тој треба да ја напушти политичката сцена како херој, а за тоа треба да им заблагодари на албанците кои максималмно го искористија неговиот ” Блек Фрајдеј” со распродажба на местата во власта. Рипна какао сом втората половина на движењето Беса која се преименува во “Алтернатива” и така топтан движењето Беса од губитник пред неколку години стана победник. Додуша, по мое ммислење само привремен, зошто предвремени избори сигурно ќе има. Бидете сигурни, а зошто, подолу во колумнава.

Арно ама, како успеа? Па едноставно се продаде газејки на многу принципи во кои се колнеше дека нема да ги згази. Комплетното првобитно движење Беса се продаде како старо ауто, ама на делови. Кога не можеш да продадеш топтан ауто, тогаш го продаваш растурен на делови. Битно е муштерија се најде. Сите среќни. Од движење кое се темелеше на принципи пред се во господ, па во политика, стигна до партија која за краток период ги издрибла сите и тоа подобро од Кристијано Роналдо. Тоа е од принципиелноста де, и од чесноста.

Со градењето на новото парламентарно мнозинство македонската политичка сцена доби само една дополнителна агонија која треба да купи време до пролет, кога е убаво време, сончево, па народот може да излезе да гласа на раат. Најголем победник е ДУИ. Си спаси позиција на власт за одредено време, во кое може да се консолидира и да им покаже на останатите која чорапа на која нога иде. Да се согласат на заедничка фотеља ДУИ, БЕСА и Алтернатива е невозможна мисија. Ако тие три партии се сложат и работат заедно, тогаш се губи суштината на албанската опозиционерност, која ке се остави само на Алијансата на Сеља. Во случајов, само Сеља остана доследен на принципите. Се останато се продаде како пиперки за ајвар на кванташки пазар.

Зошто сум сигурен дека на пролет ке има предвремени избори? Како прво, наивен е оној што мисли дека ВМРО ке остане мирно после победата на локалните избори, а уште на тоа и податокот дека ништо не би било чудно ако биде појачано со Сеља. Заев заминува од сцената, доаѓаат нови ликови кои треба да се носат со проблемите кои остануваат. Албанската страна колку и да е поделена исто како и македонската има голем број на неопределени и збунети.

Можеби од една страна е и добро што сево ова се случува, зошто на гласачкото тело му се отвараат очите кој колку вреди и до каде е спремен да оди. Поготово што во наредниот период многу заблуди треба да паднат во вода. Првата заблуда е балонот од сапуница врзан за Европската Унија,  која да имаше намера во Декември сега да ни даде зелено светло, сосема поинаку ке се однесуваше. Ладна е како Кока Кола. Поединечните изјави на некои странски политичари се ветер и магла. Бугарите ако некој мисли дека преку еден ” акшам” ке се сменат и ке размислуваат поинаку, тогаш тој што така мисли е зелен како бостан. Нема шанси Бугарија да го смени мислењето поготово не сега со нова власт, која на самиот почеток на функционирањето не смее да го разочара својот народ ако и попушти на Македонија. Така ке се стават на тапет пред својот народ, а знаеме и самите дека неколку избори имаа додека не се етаблира таа нова власт.

И така, додека оваа власт ќе се грижи како што подолго да остане на власт, ќе се случува уште поголема сиромаштија која ке го подигне електрицитетот кај народот до максимум. Економската катастрофа само ке се зголемува а на народот ке му се мачкаат очи дека не треба да се буни ” за да влеземе во Европа”. Таква ментална мастурбација нема ни во Јужна Родезија. Што ке се случува во меѓувреме? Еве што!

Во тотално нефункционална држава како македонската, политичкиот естаблишмент има само една задача, а тоа е како на народот да му се претстави како жртва која работи цело време за добро на народот, ама консталацијата на односите во геополитиката работат на нивна штета. За да му замачкаат очи на народот, тоа е исто како кога еден татко нема да им даде леб на децата да јадат, им купува за два денари мастика за џвакање и им става у уста мастика. Џвакај народе, Европа- Мевропа, Ковид – Мовид,..ова она. А политичарите ке бидат среќни самите со себе што воопшто постојат на политичката сцена како спасители на народот. Кои црни спасители. Гробари! Погледајте ги сите можни анкети во последно време. Бројот на неопределени и недефинирани гласачи е само поголем со секоја анкета. Што ви кажува тоа. Тоа ви кажува дека народот е донесен до ивица на лудило. Ама, нема избор, освен да го гледа Африм Гаши како триумфално се смешка на телевизија како да е “Хазрети Иса” лично, кој дошол да го спаси светот. Катастрофа е мал збор. “Кијамет”!

Македонија станува погубно место за живеење не само за младите више, туку за цела популација која е во агонија и која секој ден се повеќе му се предава на Диазепамот и разни хемикалии за да може да му функционира воопшто нервниот систем. Но! Македонија не е погубно место за живеење затоа што политичарите ” летаат во место”, затоа што реално ништо не преземаат за поквалитетен живот, туку поради податокот што народот не презема ништо да инсталира власт која работи за негово добро.

Ајде да размислуваме што ќе се случува во блиска иднина со опозицијата генерално. Откако Мицковски реално на локалните избори го победи Заев, ВМРО со сета сила ке сака да ја искористи ситуацијата на терен за да на евентуални предвремени избори добие власт. Колку е тоа изводливо е друга приказна, ама реално, покрај ВМРО и многу останати мали партии останаа незадоволни. Ако ги прикклучиме и ситните мали албански партии заедно со Сеља и Алијанса, фронтот за предизвикување и наметнување на нови избори е многу голем. Сеља нема да му ја заборави на Гаши финтата со која го остави непринципиелно на цедило. Иако е свесна за тоа, позицијата откога уште еднаш ќе добиеме “корпа” од Европа ќе почне да бара нови изговори ама радиусот на оправдувањата и е веќе многу мал. Во политичкиот лавиринт што ја очекува МАкедонија во блиска иднина нема да има друг избор освен предвремени и брзи парламентарни избори. И тоа е на некој начин купување време. Сто дена пред избори техничка бвлада а после тоа уште толку да се формира структурата. И тоа е знак прашање колку ке трае ако се земе во предвид дека картите ќе бидат измешани и се ќе треба од ново.

Народот гледа како “теле у шарена врата” и не знае што да каже. А што да каже со менталитет на лузер и на средновековен аргат. Тој бил и останал само аргат и тоа на сопствената земја. Со таа разлика што сега Кметовите не се Аги, Паши и Везири, него неговиот прв комшија кој тера политика на негова сметка.

Каков е менталитетот на нашиот народ? Каков може да биде менталитетот на народ кој смета дека ке го следи среќа три дена ако нагази на гомна или ако го посере некој гулаб. И во едната и во другата ситуација се наоѓа во гомна. Тој мирис му е станат веќе толку нормален, што не му смета. И така, животот му станува да извините – гомна.

ОО ЏЕМААТ,… малку ти е! Не заслужуваш подобро со тој акал! За тебе само една ластегарка па ” десет удри едно брои”, и секако памти ” уште две од карти”!

(Авторот е редовен колумнист на весникот на КОХА)