Се одложи изборот за претседател на академијата за судии и јавни обвинители

17

Иако закажано, Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители не избра директор. Членовите добиле информација дека е пристигната уште една кандидатура по пошта. Според процедурите, пристигнатите кандидатури најпрво ги разгледува тричлена комизија, а потоа како точка на дневен ред, на седница на Управен одбор се избира директор. Кусо било времето и тричлената комисија не успејала да се состане денеска пред официјално закажаната седница. Новиот кандидат четврти по ред е судијата Андреј Димовски од Основниот суд 2.

Претседателот на Управниот одбор на академијата информираше дека до петок комисијата ке ка разгледа пријавата и се очекува официјален избор на Директор за Академијата за судии и обвинители.кандидати за оваа престижна судска функција се , Наташа Габер Дамјановска, Емилија Шопар Јованова, Ненад Савевски и најновиот кандидат Андреј Димовски.