Се утврдува со кого Спасовски имал контакти, по што ќе се знае и дали некој ќе оди во изолација

53

Откако министерот Оливер Спасовски синоќа објави дека е заразен со Ковид-19, од Владата информираат дека во тек е епидемиолошка анкета за неговите контакти, по што ќе се знае кој ќе оди во изолација. Анкета се прави и во МВР.

-Во тек е епидемиолошка анкета за контактите што министерот Спасовски ги имал деновиве. По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за самоизолација. Напоменуваме дека сите негови контакти биле со почитување на безбедно растојание и носење маска. Во однос на прашањето за контакти во владата, потсетуваме дека седниците се одржуваат преку видеоконференциска врска“,
велат од МВР.