Скандал ја тресе Белата куќа: Перверзниот син на Бајден опседнат со порнографија, се снимал со проститутки

6

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, е опседнат со порнографија, откри неговата историја на пребарување на интернет, а неговите пребарувања вклучуваат тинејџерки, вдовици и „мајки на кокаин“, како и упатства како да се хакира мобилниот телефон на партнерот.

Списокот за пребарување опфаќа само шест дена во март 2019 година пред да го скрши својот лаптоп, да го однесе на поправка во продавница во Делавер, а потоа никогаш да не дојде по него, но е преполн со разоткривачки и вознемирувачки веб-страници. Десетици видеа на лаптопот, исто така, ја откриваат склоноста на Хантер да се снима себеси во текот на сексот со проститутки и да објавува домашни филмови на неговата сметка на Порнхаб (Pornhub) под корисничкото име RHEast, а тој се погрижил неговото лице да не се гледа на видеата.

Хантер, кој бил во контроверзна врска со вдовицата на својот брат, барал видеа на Порнхаб под клучните зборови „домашна снимка на вдовица“, „домашно порно на осамена вдовица“, како и „порно осамена вдовица“, пренесува „Дејли мејл“.

Освен што бил опседнат со вдовици, синот на Бајден барал „18-годишна девојка која е многу добра во јавање“, „студентка која ја ја соблекле и имала секс со ‘напалени’ колеги“, а во дури седум наврати таа недела пребарувал „Washington DC Milf Crack Cocaine“.

Покрај порнографијата, Хантер, на интернет ја пребарувал и својата сестра Ешли Бајден и нејзината историја на забави, апсења и наводното користење марихуана додека студирала во Њу Орлеанс, како и себеси.

Пораките и видеата на лаптопот покажуваат дека синот на американскиот претседател нарачувал проститутки во своите хотелски соби во Калифорнија и Конектикат, разговарал со нив за купување и користење на крек и со нив снимал и порно-видеа, кои потоа ги објавувал на својот профил на Порнхаб.

Неговиот профил на Порнхаб, кој постои најмалку пет години, тврди дека Хантер прегледал 3.631 видео, имал 24 претплатници и 66 „пријатели“. На страницата, на која последен пат се најавил пред три години, тој се опишал себеси како 45-годишен самец, хетеросексуалец кој живее во Париз.

Покрај тоа, Хантер пребарувал и професионални хакери кои би можеле да хакираат мобилен телефон, како и како да фатат прељубник. Документите на неговиот лаптоп покажуваат дека тој можеби ја шпионирал и својата љубовница Хали, која ја обвини дека извршила прељуба со семеен пријател.