Сончево со умерена облачност

17

Времето денеска ќе биде сончево, во југозападните делови претпладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утрото ќе биде свежо, минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени.

Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.