Специјални претставници на Макрон и Меркел денеска на средби во Приштина

15

Специјални претставници на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел ќе го посетат денеска Косово, каде што со државните челници ќе разговараат за развојот на ситуацијата во врска со односите со Србија, објави порталот „Газета експрес”.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од кабинетот на премиерот Албин Курти информираат дека неговата средба со француско-германската делегација е закажана за во 9 часот, додека од кабинетот на претседателот Хашим Тачи објавија дека тој ќе ги прими пратениците на Макрон и Меркел во 10.15 часот.

– Мисијата на емисарите (од Франција и Германија) на средбите со Владата на Курти и државните челници е деблокирање на преговорите со Србија и поддршка за постигнување конечен договор. Нивна главна порака е укинувањето на таксата од 100 отсто, како и пренесување на ставовите на двајцата највлијателни лидери во Европската унија, Макрон и Меркел, пишува „Газета експрес”.