Талат Џафери и порача на Мила Царовска да не брза со реформите во образованието

15

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 и порача на министерката за образование Мила Царовска да не избрзува со концепцијата за целосна реформа на основното образование.

Министерството за образование подготвува промена на наставните програми и учебници, а Царовска најавува дека со новата концепција треба да се извлече поголем ефект од потенцијалот кај секое дете.

„Царовска предвреме излезе во јавноста со тие тези. Потребна е посебна анализа, сериозна дебата. Моментот е погрешен. Не е вистинско време сега да се отвори таа тема“, рече Џафери на телевизија.
Се најавува дека низ образовниот процес ќе се создаваат граѓани кои ги почитуваат вистинските европски вредности како што се родова еднаквост, толеранција и ненасилството.