Тлото околу Драч не мирува, ноќеска регистрирани преку 20 помали земјотреси

8

После вчерашниот силен земјотрес од 6.4 степени според Рихтеровата скала, кој сруши неколку објекти при што загинаа 18 лица, а преку 600 се повредени, тлото околу албанскиот град Драч не престанува да се тресе.

Само ноќеска се регистрирани преку 20 земјотреси со помал интензитет, односно помеѓу 2 и 4 степени. Повеќето беа со околу 3 степени, а имаше и неколку кои беа со интензитет над 4. Меѓутоа не придонесоа за поголеми оштетувања.

Според сеизмолозите, ова е нормална појава после силе земјотрес да има афтер-шокови.

Покрај Албанија, и тлото во БИХ не мирува. И таму се регистрирани помали земјотреси во текот на изминатото деноноќие. Вчера во близината на Мостар беше регистриран земјотрес со интензитет од 5.2 степени.