ФОТО: Боки 13 во суд прв пат од куќен притвор – дојде со бастун

43

Денеска Бојан Јовановски – Боки 13 од дома каде е во куќен притвор беше спроведен во Основниот Кривичен суд. Таму треба да се одржи рочиште за предметот познат како „Меѓународен сојуз“.

На судење доаѓа по два месеци, откако беше и хоспитализиран поради итна операција на желудникот на 8 септември годинава. До судот одеше со помош на бастун, а фотографии објави 360 степени.

Во „Меѓународен сојуз“, Јовановски е првообвинет и се товари за делата измама и перење пари. Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ и неговата асистенка Христина Блажевска, пак, се обвинети за помагање во овие дела, а експратеничката Фросина Ременски се товари за помагање во делото измама.