Харадинај: Драг Албине не ги укинувај царините за Србија

15

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај бара од својот наследник Албин Курти да не го укинува сто отсто зголемените царини на производите од Србије и од БиХ додека, како што вели, Србија не ја признае косовската независност, пренесува „Спутник“.

Во писмо објавено на Фејсбук, во кое Харадинај му се обраќа на Курти со „драг Албине“, Харадинај прво изразува восхит кон жртвата што актуелниот премиер ја поднел заедно со народот на Косово, а потоа констатира дека можеби не се слагаат за многу дневнополитички прашања, за на крај лично да го замоли да не ги укинува царините за Србија.

„Албине, не дозволувајте Србија да го освои пазарот од повеќе од 400 милиони евра, државата што не тепаше и мачеше, држава која во Русија купуваше оружје со парите од Косово“, напиша Харадинај и додаде:

„Не укинувајте ги царините Албине. Не откажувајте се поради некои привремени поени што можете да ги добиете од меѓународната заедница. Вистинскиот пријател ве сака со помош на пофалби, но и критики. Ако не сме способни за себе, ни нашиот пријател нема да не сака“.

Харадинај го повика Курти да ја преиспита одлуката и му порача да бидат заедно против Србија без оглед на досегашните и идни меѓуебни несогласувања се до признавањето.

На писмото од Харадинај реагираше пратеникот на движењето Самоопределување, Димаљ Баша,го потсети поранешниот премиер, кој од Курти бара да не се укинуваат царините за Белград, на прашањето за либерализација на визниот режим, државните резерви и нелегалните именовања во ПТК, царината и во тајната служба, како и на милионите дадени на „Бехтел Енкас“.

Во ироничен тон, Баша на својот профил на Фејсбук констатираше: „Не знам дали го прашал за 83 заменици-министри во неговата влада, но постои можност да лобира и за нив“.

Владата на Харадинај имаше 83 заменици-министриа, а новата на Курти има 33.