Цивилизиран дијалог со Русија e НЕВОЗМОЖЕН, вели Подољак

0

Главниот украински преговарач и советник на претседателот, Михаило Подољак изјави дека преговорите со Русија станаа многу покомплицирани по воените злосторства на руските сили во градовите Буча, Мариупол и Волноваха.

Тој истакна дека Украина побарала од Русија да отвори хуманитарен коридор од Мариупол до Бердјанск, но Москва го одбила барањето.

– Невозможен е цивилизира дијалог со Русија, истакна Подољак.

Според Обединети нации досега во војната во Украина убиени најмалку 2.072 цивили, а 2.818 се повредени, повеќе од 4,9 милиони луѓе ја напуштија земјата, а над седум милиони се внатрешно раселени.