Чулев: Имаме информации дека криминални структури ќе вршат поткуп и притисок врз гласачи

41

Министерството за внатрешни работи има информации дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок врз гласачите, посочи министерот Наќе Чулев во гостување на Канал 5, одговарајќи на прашањето дали очекува фер избори и дали кој и да изгуби ќе треба да ги признае резултатите, без оспорување на процесот.

„Не знам, тоа ќе видиме како ќе биде текот на кампањата. Ние како МВР располагаме со оперативни информации дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок да се гласа, меѓутоа работиме на терен“, рече Чулев.

На прашањето дали очекува да ја задржи функцијата ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, Чулев порача:

„Она што очекувам е изборите пред се да поминат фер, мирно и демократски и да нема било какви изборни нерегуларности. Јас ги повикувам граѓаните да се воздржат од било каков поткуп, да не подлегнуваат на провокации од политичките партии или криминалните структури, бидејќи ќе бидат најстрого санкционирани. Пардон нема да има“,рече Чулев.