Шекеринска: Вакцините се проблем во целиот свет, не само кај нас

20

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска посочи дека сите се соочуваме со сериозен недостиг на најважното прашање во целиот свет, а тоа се вакцините.

-Се соочуваме со сериозен недостиг на вакцини, со исклучок на Сад и Обединетото Кралство. Сме дел од светскиот проблем, особено тешко е за помалите држави. Целта ни е што поскоро да обезбедиме функционална вакцина и ќе ги преземеме сите чекори. Барем здравстевените работници успеаја да обезбедат дополнителна заштита. Армијата е во втората фаза за имунизација заедно со полицијата, истакна Шекеринска на промопредавање на американска донација за Армијата.