29 отсто од граѓаните на возраст од 18 – 39 години примиле барем една доза вакцина

23

Министерството за здравство информира дека досега 29 отсто од граѓаните на возраст од 18 до 39 години примиле барем една доза на вакцина против коронавирусот, а 54 отсто од граѓаните постари од 40 години односно, со една доза на вакцина вакцинирано е 44,6% од полнолетното население. Во денешниот извештај на министерството не се наведени бројки на целосно имунизирано население – со две дози од вакцината.

„Најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино 63,4%, Кавадарци 62,3% и Охрид 61,4%. По нив, најмногу вакцинирани со прва доза има во градовите Гевгелија 59,8%, Берово 56%, Ресен 57,2%, Битола 55,8%, Пехчево 53%, Крушево 52,3%, Валандово 53,3%, Штип 51,9%, Пробиштип 50,5%. Помеѓу 40-50% опфат на вакцинирано население со барем една доза на вакцина има во градовите Демир Хисар, Велес, Свети Николе, Кочани, Делчево, Крива Паланка, Струга, Прилеп, Македонски Брод, и Скопје, а помеѓу 30-40% опфат во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Струмица, Тетово, Гостивар, Радовиш. Најмал процент од населението, вакцинирано со барем една доза вакцина има во градовите Гостивар 30,5% и Дебар 31,7%“, наведе Министерството за здравство.