Од таборите на Интер и Манчестер Јунајтед во исто време објавија една иста вест, а тоа е дека Алексис Санчез на перманентна основа се сели во Милано.
Санчез без никакво обесштетување потпиша перманентен договор со неговиот актуелен тим, Интер.
Чилеанецот со „нероазурите“ се обврза на тригодишна соработка и потпиша договор кој му истекува во јуни, 2023 година.
Од Манчестер Јунајтед пак се простија од Санчез и му посакаа многу среќа во новата авантура.
– Сите во Манчестер Јунајтед му посакуваме на Алексис Санчез се најдобро во иднина откако тој и перманентно се пресели во Интер, -стои во дел од соопштението лиферувано од Манчестер Јунајтед.
Интересно е тоа што доколку двата клуба се пласираат во финалето од Лига Европа, Алексис ќе заигра против неговиот поранешен клуб.