Страшно злосторство во Зрењанин: Жена го избодела сопругот со нож – ја молел да го остави поради детето

17

41-годишната С.М. од Зрењанин била уапсена вчера утроната поради бруталното убиство на нејзиниот 39-годишен сопруг пред нивната семејна куќа.

Наставничката С.М.го убила својот сопруг пред очите на својата 5-годишна ќерка и соседот. Како што дознава Курир.рс најпрво го избодела во домот, а кога тој истрчал надвор го стигнала и докрајчила со два ножа.

Семејната трагедија се случила вчера утрината.

-Таа најпрво сопругот го нападнала со нож додека спиел. Тој се обидел да избега и цел крвав истрчал на улица, но таа го стигнала и докрајчила со убоди во врат и глава. Б.М. од здобиените повреди починал во Ургентниот центар во болницата во Зрењанин.

Инаку, Б.М. работел како програмер во една фирма.

Тие неодамна се доселиле и ја уредиле новата куќа во Зрењанин. Наводно станислава по породувањето имала извесни психички проблеми.

По апсењето таа на полицајците им рекла дека го убила сопругот бидејќи ја дрогирал.

Никој претходно не знаел дека тие имаат проблеми во брак.

Според зборовите на мештаните, С.М. неколку пати давала отказ, а после некое време се враќала на работа.

По налог на Вишото јавно обвинителство во Зрењанин, на осомничената ќе и биде одредено задржување до 48 часа. после што со кривична пријава ќе биде однесена кај обвинител.