Позната првата полуфинална двојка кај мажите, нова рутинска победа на Осака

7

Во првото полуфинале на УС Опен кај мажите ќе играат Александер Зверев и Пабло Карењо Буста.

Германскиот тенисер кој е петти носител на грен слем турнирот во Њујорк во четвртфиналето го совлада Хрватот Борба Чориќ во четири сета и тоа со 1:6,7:6,7:6,6:3. Зверев до своето второ грен слем полуфинале, а прво во Њујорк дојде по три часа и 24 минути игра.

Ова беше петти меѓусебен дуел помеѓу Зверев и Чориќ, и втора победа за германскиот тенисер.

Негов противник во полуфиналето ќе биде Пабло Карењо-Буста кој во маратонски меч кој траеше пет сета го победи Денис Шаповалов со 3:6,7:5,7:6,0:6,6:3.

Кај дамите, четвртата носителка Наоми Осака ја оправда фаворитската улога и во два сета со 6:3,6:4 за 79 минути ја победи домашната тенисерка Шелби Роџерс и се пласира во полуфиналето. Ова е второ полуфинале за Осака во Њујорк, а во првото таа успеа да дојде до крајот и во 2018 година да ја освои титулата.
Интересно е што секој пат кога Осака ќе обезбеди пласман во полуфиналето на грен слем турнир, таа ја освојува титулата, а тоа се случи и на Австралија Опен минатата година.

Нејзина противничка во борбата за финалето ќе биде 41. тенисерка на ВТА ранг листата, Џенифер Брејди која во четвртфиналето беше поуспешна од Јулија Путинцева со 6:3,6:2.