Алек Болдвин стана татко по шести пат

13

Во светот на холивудските ѕвезди има повеќе кои на зрели години станаа татковци. Последен во оваа низа е Алек Болдвин, кој го дочека своето шесто дете во семејството, на 62-годишна возраст.

На 62 години, Алек Болдвин го поздрави своето шесто дете во семејството со неговата сопруга Хилариа, 36. Американскиот актер , кој доби номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога за филмот „Кулер“, е многу плоден татко и, покрај неговата возраст, тој продолжува да создава наследници.

Името на бебенцето се уште е непознато.

Во 1995 година Алек Болдвин го доби првото дете, Ирланд, од сопругата Ким Бесинџер. Неговата втора сопруга пак, на светот му ги донесе Кармен Габриела во 2013 година, Рафаел во 2015 година, Леонардо во 2016 година и Ромео Алехандро во 2018 година.