Тренерот на Џенова: Нема да му дозволам на Пандев да замине во пензија!

28

Колку Горан Пандев, е ценет и респектиран во Џенова, покажува и изјавата на новиот тренер на тимот, Давиде Балардини, поврзана со најавата за заминување во пензија по крајот на сезоната и настапот на Евро 2021 со репрезентацијата на Македонија.

Тој беше во чудо од зборовите на ветеранот, а потоа беше и дециден.

„Слушнав дека Пандев најавил заминување во пензија по првенството, но тоа, едноставно, не смее да се случи. Би било огромна штета. Јас лично нема да го прифатам тоа така лесно. Има уште време пред него додека престане да игра фудбал. Сѐ уште уживање е да се гледаат неговите мајстории на теренот“, изјави Балардини.

Македонскиот репрезентативец поради повреда на мускулот на ногата го пропушти вчерашниот дуел на Џенова на домашен терен против Лацио (1-1).