Македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски денеска го објави списокот од 26 играчи со кои ние ќе одиме на Европското првенство и на средбите со Австрија, Украина и Холандија. Нема поголеми изненадувања и се е според најавите дека на шампионатот патуваат тие што го остварија историскиот успех.
Така голмани се: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Ристе Јанков, за одбраната конкурираат: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков, Дарко Велковски и Езгјан Алиоски. Во средиот ред кандидати се: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Тихомир Костадинов, Ферхан Хасани, Елиф Елмас, Даниел Аврамовски, Дарко Чурлинов и Марјан Радески, и во нападот ќе ги имаме: Горан Пандев, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Влатко Стојановски, Крсте Велковски и Милан Ристовски.
Задоволни сме што ќе бидеме дел од најдобрите на Стариот континент, но сето ова ни носи обврска и во најдобро можно светло да го претставуваме македонскиот фудбал. Јас сум првиот кој високо ги постави приоритетите и целите за ЕВРО 2020 а тоа е место во втората фаза од шампионатот, место во осминафиналето на ЕП-рече денеска на пресот Ангеловски.
Првиот собир е закажан за понеделник во Скопје, првата пријателска е 1 јуни со Словенија дома, а втората со Казахстан на 4 јуни, исто кај нас. На 8 јуни селекцијата заминува во Букурешт каде на 13 не очекува првиот меч од групата Ц со Австрија.