Средниот бек Филип Миркуловски го одигра својот последен натпревар за репрезентацијата на Македонија.
„Воинот на терен“, кој ќе остане запаметен по својата борбеност, одигра 126 меча и постигна 317 гола во „црвено-жолтиот“ дрес.
По завршувањето на мечот со Чешка и победата од 27-25, со која Македонија обезбеди пласман на Мундијалот во Полска и Шведска, Миркуловски заврши на рацете на соиграчите во воздух.
На последниот меч во репрезентативната кариера популарниот Жути даде два гола…