Мурињо и Лампард во изјавите по мечот го замешаа и Конте

4

Челси го надигра Тотнем и со 2-0 го победи на негов терен. Лампард тактички го надмудри Мурињо и му нанесе пораз на својот учител.

„Тие беа подобри од нас во првото полувреме. Не ми те тешко да го признаам тоа“, вели Мурињо.

„Играа во систем во кои се многу комфорни. Системот кој го играа пред две години со Антонио Конте. Многу нивни играчи се комфорни во него“.

Лампард негираше дека го копирал системот на Конте.

„Не, тоа не беше фактор воопшто. Пола од играчите не ни беа тука кога Конте беше тренер. Знам дека Томори, Маунт, Абрахам, не беа тука и не се обидувам да го клонирам тој систем, или ситемот на било кој друг“, вели Лампард.

„Мислам дека системот на Конте беше неверојатен и ја освои лигата со Челси, но начинот на кој јас играм и пораката која им ја давам на фудбалерите е поинаква“.

„Не е така едноставно, ако играте систем 3-4-3 клонирате некој, во спротивно со друг систем би клонирал друг“.

„Повеќе е прашање на тоа дали овој систем може да ни помогне дефанзивно и офанзивно против Тотнем. Изборот беше мој да се игра, фудбалерите фантастично го испродуцираа планот кој го имавме и победивме“.